logo
logo
logo

Тухел: Сега не е време за критики

Vecer | 06.05.2021

Тухел: Сега не е време за критики

По 1-1 на првиот меч во Мадрид, Челзи славеше со 2-0 во реванш дуелот против Реал и се пласираше во финалето на Лигата на шампиони. Во битката за титулата за противник Томас Тухел и неговите момци ќе го имаат тимот на Манчестер Сити.

Предводникот по триумфот беше среќен, но потенцира дека можеле да одиграат многу подобро.

„Ја заслуживме победата. Во првото полувреме ни беше тешко бидејќи го имаа поседот на топката. Сепак бевме опасно во контрите и не ја губевме линијата во одбрана. Во продолжение заигравме подобро во одбраната, а во нападот бевме фантастични. Требаше да постигнеме повеќе голови и порано да го осигруме финалето, но сега не е време за критики. Ова е фанстастично достигнување, честитики за моите играчи“, изјави Тухел.

Челзи во Лигата на шампионите последен пат играше финале во 2011/2012 и стана шампиони на дуелот со Баерн Минхен.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk