logo
logo
logo

Тухел: Само јас сум виновен за поразот од Арсенал, погрешив со составот!

Vecer | 13.05.2021

Тухел: Само јас сум виновен за поразот од Арсенал, погрешив со составот!

Во модерниот фудбалски свет ретко може да се најде тренер кој по мечот ќе признае дека поради негова вина тимот бил поразен.

Но, има и такви, а таков пред се е Томас Тухел, стратегот на Челзи кој по синоќешниот пораз од Арсенал изјави…

Само јас сум виновен за поразот. Изборот на составот не беше најдобар од моја страна. Затоа велам дека за поразот од Арсенал јас сум виновен. Ние сторивме се што можеше да се стори да го загубиме овој натпревар. Сега е лесно да се коментира после мечот, но не смеев некои работи да ги направив, а ги направив“ самокритичен е Германецот.

Од друга страна ова може да биде и своевидно отрезнување пред финалето во ФА Купот во сабота против Лестер.

На сите ни недостигаше концентрација и фокус. Со моите потези можеби дадов до знаење дека тој саботен меч ми е во преден план. Дури ако и 1% размислувате на тој начин бидете уверени дека ќе бидете казнети“ посочи Томас Тухел.

Да потсетиме дека Челзи, покрај финалето во ФА Купот, го чека и финале во Лигата на Шампионите на 29 мај против Манчестер Сити.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk