logo
logo
logo

Тухел побарал да му ги донесат Траоре и Рајс во Челзи

Vecer | 02.06.2021

Тухел побарал да му ги донесат Траоре и Рајс во Челзи

По освојувањето на европската титула, Челзи се спрема за новата сезона во која покрај тоа што ќе го брани пехарот од ЛШ ќе атакува и на Премиер лигата. Тренерот Томас Тухел веќе го крои списокот на нови засилувања, а ќе има и заминувања.

Се споменува дека Томори и Жиру ќе заминат во Милан, но Тухел има желба да донесе играч на Вулверхемптон. Според „Телеграф“, Тухел го побарал Адама Траоре на „Стемфорд Бриџ“. Офанзивниот корпулентен бек минатата сезона не играше често во Вулверхемптон, па едно време се зборуваше за негово заминување.

Шпанецот има некои понуди од Шпанија, но Тухел сака да го донесе во својата екипа. Ќе видиме што ќе се случува, а по смената на тренерот Нуно Еспирито Санто можеби во Вулверхемптон ќе се премислат и нивниот нов менаџер ќе посака Траоре да остане.

Освен Траоре, Тухел го посакал и Деклан Рајс од Вест Хем. Се работи за дефанзивен играч за врска, кој може да игра и како централен бек. Тој е англиски репрезентативец со 15 настапи за „Гордиот Албион“.

Челзи се поврзува и со Ромелу Лукаку. Белгиецот може да го напушти Интер и да се врати на „Стемфорд Бриџ“, но „нероаѕурите“ не сакаат да го пуштат најдобриот играч во Серија А за минатата сезона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk