Менаџерот на Челзи Томас Тухел призна дека не знае зошто неговата екипа не успеа да се снајде во ситуација кога имаше 10 играчи на теренот против ВБА. Лондончани поведоа, а во 29 минута останаа без Тијаго Силва кој беше исклучен, а потоа Челзи загуби со 2:5 што е прв пораз под водство на Тухел.

Не се случуваше ништо посебно до црвениот картон. Потоа не успеавме да излеземе на крај со противникот. Не знам зошто. Дозволивме два лесни гола. По црвениот картон се отиде наопаку. Лесно ја губевме топката, секој нивен удар беше гол. Изгледа не ни беше денот. Треба да го прифатиме овој пораз и да одговориме на наредниот меч“, изјави Германецот.

Инаку ова е првпат по 1978 година Челзи да загуби меч дома од ВБА.

sportmedia.mk