logo
logo
logo

Тухел: Играчите имаа огромна желба да победат вечерва

Vecer | 29.05.2021

Тухел: Играчите имаа огромна желба да победат вечерва

Во последните три сезони три германски тренери ја освојуваа Лигата на шампионите. Јирген Клоп го направи тоа со Ливерпул во 2019, потоа Ханси Флик со Баерн, а сега Томас Тухел со Челзи. Тухел лани не успеа со ПСЖ, но сега му појде од рака со клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Успеавме. Не знам што да кажам. Убаво е чувството вторпат по ред да се игра финале. Некако е поинаку. Играчите имаа голема желба да победат вечерва. Ова беше тежок психолошки меч, моравме да си помагаме меѓу себе за да успееме. Постојано се бодревме и не дозволувавме да паднеме во клучните моменти. Моравме да покажеме храброст и да одиме напред. Сакавме да бидеме камче во чевелот на противникот. Тоа го направивме. Го неутрализиравме противникот, го победивме, успеавме, станавме европски прваци“, вели Тухел за БТ Спорт.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk