logo
logo
logo

Тухел: Дали сме фаворити против Порто? Прашајте го Јувентус и тие беа фаворити...

Vecer | 19.03.2021

Тухел: Дали сме фаворити против Порто? Прашајте го Јувентус и тие беа фаворити...

Менаџерот на Челзи Томас Тухел изјави дека е задоволен од противникот во четвртфиналето на Лигата на шампионите затоа што не е англиска екипа. Лондончани ќе се соочат со Порто во борба за место во полуфиналето. Португалците во претходната рунда го елиминираа Јувентус.

Добро е што ќе играме со друга, а не со англиска екипа. Претпочитам да играме со екипи од други држави. Во реваншот сме домаќини, што е добро и ни дава мала предност“, коментира Германецот кој се осврна на тоа дали се фаворити на мечот.

Прашајте во Торино дали помага да си фаворит или не. Ќе излеземе против силен противник и многу го почитуваме“, додаде Тухел.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk