logo
logo
logo

Црна Гора преку Словенија за историја – оди во Будимпешта

Vecer | 17.01.2022

Црна Гора преку Словенија за историја – оди во Будимпешта

Сензација во Дебрецен, Црна Гора се пласираше во главната рунда, откако ја совлада Словенија со 33-32 за втора победа. Оваа репрезентација за првпат се пласира во главната рунда на едно Европско првенство, што пак е историски резултат.

Ракометарите на Црна Гора уште еднаш покажаа дека невозможното може да стане возможно. И покрај големите проблеми со Ковид-19, се собраа и одиграа херојски, ја „закопаа“ Словенија.

Добра игра видовме на стартот на натпреварот, се играше гол за гол. Љубомир Врањеш и неговите момци тешко се снаоѓаа против мотивираниот противник. Црна Гора со голот на Бранко Вујовиќ дојде до водство од 8-7. По 11-11, Словенија со серија од 4-0 поведе со највисоки 11-15. На одоморот беше 16-19.

Се чинеше ова ќе биде лесна задача, особено што Словнеците имаа и четири гола предност, но Црна Гора не се предаде. По 23-25, со серијата од 4-2 изедначи на 27-27 на 12. минути до крајот.

Црногорците се вратија целосно, се играше гол за гол. Со два гола во низа поведоа со 31-30, а потоа и со 32-31. Симиќ исто како против Македонија во самиот финиш беше на ниво на задачата. Но, неговите соиграчи не искористија шанса да поведат со плус два, Доленец израмни на 32-32.

По голот погодокот Вујовиќ, на другата страна Симиќ одново блескаше за голема радост и пласман во следната рунда.

Грбовиќ со седум гола беше прв стрелец, на другата страна Доленец запиша шест погодоци.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk