Македонската ракометна репрезентација ги прави последните подготовките пред утрешниот прв дуел со Данска во квалификациите за ЕП 2022 година. Иако актуелниот светски првак е голем фаворит на оваа средба, сепак нашите момци под водство на Кирил Лазаров сакаат да теренот да го покажат најдоброто. Го искористија секој момент минат заедно, кога не тренираат анализираат, како што рече селекторот, сите научија по нешто ново на овој собир, а целосната слика за овој нов почеток ќе биде позната по завршување на двата меча со Данците.
На тренинзите, но и утре ќе ги видиме трите лица на Лазаров. Тој има три функции во репрезентацијата, како селектор, капитен и играч. Сите три лица делуваат моќно и опасно, па нека му ја мислат противниците.
sportmedia.mk