logo
logo
logo

Тричко со “Златната копачка“ на Кипар, ама без него во мартовскиот репрезентативен циклус!

Vecer | 18.03.2021

Тричко со “Златната копачка“ на Кипар, ама без него во мартовскиот репрезентативен циклус!

Иван Тричковски, фудбалерот на АЕК Ларнака, го доби признанието “Златна копачка“ на Кипар за минатата година. Тој оваа награда ја доби како најдобар стрелец за 2020 година откако постигна 20 голови. Ова е голема чест за него, посебно ако се знае дека се дава од страна на на Здружението на новинарите на Кипар.

Сепак лоши вести од Кипар. Тричко на денешниот меч кај Омонија, во кој неговиот тим загуби со 0:1, го повреди мускулот и ќе мора да паузира најмалку две недели.

Тоа значи дека тој нема да биде дел од нашата репрезентација на претстојните квалификациски мечеви за пласман на СП во Катар 2022 година, против Романија, Лихтенштајн и Германија.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk