Иван Тричковски продолжува да ги „решета“ мрежите во кипарскиот шампионат. Македонскиот репрезентативец денеска постигна два гола за својот АЕК во триумфот на гостувањето кај Анортозис со 0:2. Двата нашиот голгетер ги реализираше во второто полувреме. При првиот се најде на вистинското место по една мешаница пред противничкиот гол, а вториот од пенал.

АЕК е на петтото место во разигрувањето за титулата и излез во Европа. Далеку е од местата кои водат во Лига Европа.

sportmedia.mk