logo
logo
logo

Тричко погоди но неговиот АЕК загуби од тимот на Јаневски

Vecer | 18.04.2021

Тричко погоди но неговиот АЕК загуби од тимот на Јаневски

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски повторно стрела во кипарскиот шампионат. Денеска во плеј-офот Тричко, инаку капитен на АЕК, ја затресе мрежата на Олимпијакос Никозија во 11 минута од пенал за водство на својот тим.

На почетокот на второто полувреме стратегот на Олимпијакос Чедомир Јаневски направи три измени и тоа го смени ритамот на домашните. Захариу во 63 минута изедначи, а само пет минути подоцна Сантана Кабрера донесе пресврт за Олимпијакос и победа од 2:1.

За АЕК цел меч покрај Тричко одигра и Стефан Спировски.

АЕК е претпоследен во плеј-оф табелата за титулата, а Олимпијакос е последен.
Тричко има четири гола во плеј-офот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk