Иван Тричковски беше стрелец на гол против Холандија за водство, но судиите го поништија поради офсајд. Нашиот напаѓач е презадоволен и покрај убедливиот пораз од Холанѓаните и тоа што го завршивме првенството без бодови.

Во целина сите треба да бидеме горди и задоволни. Имаме млади фудбалери кои можат да ја предводат оваа репрезентација во иднина. Јас лично сум многу горд на сите нив што ми овозможија на оваа возраст, да го доживеам и ова ЕП, овој сон што го имав од дете. Не сакав на ваков начин да завршиме, но тоа е тоа. Да беше признаен голот можеби поинаку ќе одеше натпреварот. Сепак, горди сме и одиме напред“, изјави Тричко.

 

sportmedia.mk