logo
logo
logo

Три нови заминувања од МЗТ Скопје

Vecer | 18.03.2021

Три нови заминувања од МЗТ Скопје

Нови промени во стручниот штаб на МЗТ Скопје по разделбата со Ѓорѓи Кочов. Тимот од Аеродром на својата официјална страница потврди дека Никола Велев, Тино Даневски и Петар Баснарков побарале да биде раскината соработката, тојцата веќе не се дел од МЗТ Скопје.

„По прекинот на соработката со Ѓорѓи Кочов, управата на МЗТ Скопје Аеродром немаше никакви дилеми околу останатиот дел од стручен штаб и неговото продолжување со работа како и досега, уште повеќе што тие беа дел од клубот уште пред неговото ангажирање за прв стратег. Но, Никола Велев, Тино Даневски и Петар Баснарков, кои работеа како негови помошници, сами побараа да им бидат раскинати договорите со екипата, на што, без никаков проблем, во има на досегашната соработка, им беше излезено во пресрет.

МЗТ Скопје Аеродром на тројцата им се заблагодарува на трудот што го вложија досега за бенефит на клубот и им посакува сѐ најдобро во продолжение од кариерите“, велат од МЗТ Скопје, кој засега е под водство на Дарко Радуловиќ.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk