Македонскиот репрезентативец, Жарко Пешевски и Штутгарт дојдоа до важен бод на гостувањето кај Минден во рамките на 28. коло во Бундес-лигата.

Штутгарт имаше негатива од пет гола во дел од првото полувреме (13-8 и 14-9). По одморот, домашниот состав одржуваше предност од четири гола, но кон средината на вториот дел, Пешевски и неговите момци со серија од 3-0 дојдоа на 20-19. Дуелот влезе во неизвесна завршница, Штутгарт имаше и водство од еден гол (26-27), но Минден успеа да израмни.

Репрезентативниот пикер мечот го заврши со три гола од четири обиди. Штутгарт е на 13. место на табелата со скор од 11 победи, две ремија и 15 порази.

sportmedia.mk