БАЕРН (М) ЈА ПРИМЕНУВА ДОБИТНАТА КОМБИНАЦИЈА

Тренерското столче за Јуп Хајкенс

Сепак, како што пренесува "Билд", Хајкенс повторно ќе седне во тренерското столче на "Алианс арена" иако во 2013 година стави крај на тренерската кариера и замина во пензија

Ако му се верува на најпознатиот германски весник "Билд", тогаш прашање е само на време кога легендарниот германски тренер, Јуп Хајкенс, и официјално ќе биде претставен како нов предводник на Баерн (М).

Баварскиот гигант пред една недела ја прекина соработката со трофејниот италијански стручњак, Карло Анчелоти, кој беше посочен како главен виновник за лошите резултати како во Бундес лигата, така и во Лигата на шампиони.

Сепак, како што пренесува "Билд", Хајкенс повторно ќе седне во тренерското столче на "Алианс арена# иако во 2013 година стави крај на тренерската кариера и замина во пензија.

Хајкенс два пати беше предводник на актуелниот шампион на Германија, од 1987 до 1991 и од 2011 до 2013 година. Како предводник на баварскиот гигант, Хајкенс освои три шампионски титули, а во 2013 година го освои и трофејот во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

"Билд" додава дека Хајкенс ќе биде тренер на Баерн (М) до крајот на актуелната сезона, а потоа во тренерското столче ќе седне актуелниот предводник на Хофенхајм, Јулиан Нагелсман.

Поврзани

Најнови вести

Коментари