logo
logo
logo

Тренерот отпуштен по реакција на незадоволен родител затоа што син му не игра

Vecer | 13.05.2021

Тренерот отпуштен по реакција на незадоволен родител затоа што син му не игра

Оваа случка ни доаѓа од соседна Бугарија. Људмил Киров не е повеќе тренер на Нефтохимик од Бургас затоа што добил отказ по денешниот пораз од Созопол со 2:3. Тој ја дознал одлуката по телефонски повик од техничкиот директор на клубот Манол Иванов, пренесува „Гонг“. Неколку часови подоцна Киров бил убедуван од претседателката Анелија Златкова да остане, но тој не сакал да чуе за враќање после тоа што му се случи.

Не да не сум задоволен, разочаран сум. Очигледно колегите пред мене беа во право, дека Нефтохимик е една несредена куќа. И се поради еден родител, кој е незадоволен од тоа што син му не игра. Ако детето навистина заслужува да е во тимот нема да сум луд да го држам на клупа“, објасни Киров за локалниот „Гонг“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk