Дарко Костовски, тренерот на Дејан Георгиевски кој вчера се закити со сребрен медал на Олимписките игри, кажа дека се откажува од наградата наменета за него од Владата, и бара да биде целосно насочена кон Георгиевски.

„Владата доделила 20 000 евра за македонската спортска икона Дејан Георгиевски и 10 000 евра за тренерите.

Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост!

За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (СО ЗЛАТЕН ОТСЈАЈ)“, напиша Дарко Костовски.

 

sportmedia.mk