logo
logo
logo

Тренерот на Џенова за Пандев: Тој е шампион, среќа што го имам во тимот!

Vecer | 22.04.2021

Тренерот на Џенова за Пандев: Тој е шампион, среќа што го имам во тимот!

Не стивнуваат коментарите, пораките, честитките, радоста и секако задоволството по се она што му се случи на нашата фудбалска икона на мечот меѓу неговата Џенова и Беневенто. Меч кој заврши со резултат 2:2, стрелец на двата гола беше Македонецот со што стигна до 100 голови во Серија А.

По мечот свој коментар, покрај другото имаше и Давиде Балардини, шефот струката на Џенова кој не штедеше комплименти и со бирани зборови и се обрати на јавноста за Горан Пандев.

Тој е шампион, се додека е физички добар се гледа на теренот што може. Не треба да се трошат зборови за Горан. Имам голема среќа што го имам во тимот“ кусо потенцираше Балардини.

Инаку пред извесно време стратегот на Џенова малку на шега посочи дека тој му забранува на Пандев да се пензионира ова лето и дека го посакува барем уште една сезона во дресот на најстариот клуб во Италија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk