Според Трансфермаркт, специјализираниот сајт за вредноста во пари на фудбалерите и екипите ширум светот, нашата репрезентација која ќе настапи на претстојното ЕУРО 2020, вкупно вреди 64 милиони евра. Јасно е дека е една од најефтините, ако не и со најмала вредност, но нели, некогаш не играат парите туку срцето јуначко.

Од сите 26 играчи кои селекторот Игор Ангеловски ги одбра да ја претставуваат својата земја на ЕП, најскап или највреден е Елиф Елмас со вредност од 17 милиони евра. Тоа е пад од еден милион за разлика од пред шест месеци и повеќе.

На второ место е Енис Барди кој сега вреди 15 милиони евра, а до пред една година неговата вредност беше 20 милиони евра.

Трет е, очекувано, Аријан Адеми со 8,5 милиони евра. Неговата вредноста порасна во последните година- две и тоа фантастичните партии во Динамо Загреб и репрезентацијата на Македонија.

Следуваат Езџјан Алиоски, па Стефан Спировски, Дарко Велковски, Висар Муслиу.

Во продолжение ја имате табелата со вредноста на сите наши играчи кои утре ќе патуваат во Букурешт на ЕУРО 2020:

ТАБЕЛА

1.ЕЛИФ ЕЛМАС (Наполи) 17.000.000 евра

2.ЕНИС БАРДИ (Леванте) 15.000.000 евра

3.АРИЈАН АДЕМИ (Динамо Загреб) 8,500.000 евра

4.ЕЗЏЈАН АЛИОСКИ (Лидс) 5,000.000 евра

5.СТЕФАН РИСТОВСКИ (Динамо Загреб) 2,5.000.000 евра

6.ДАРКО ВЕЛКОВСКИ (Ријека) 2,000.000 евра

7.ВИСАР МУСЛИУ (МОЛ Фехервар) 1,400.000 евра

8.СТОЛЕ ДИМИТРИЕВСКИ (Рајо Ваљекано) 1,200.000 евра

9.ДАНИЕЛ АВРАМОВСКИ (Кајзери) 1,000.000 евра

10.ДАРКО ЧУРЛИНОВ (Штутгарт) 1,000.000 евра

11.ЕГЗОН БЕЈТУЛАИ (Шкендија) 800.000 евра

12.БОБАН НИКОЛОВ (Лече) 800.000 евра

13.ИВАН ТРИЧКОВСКИ (АЕК Ларнака) 700.000 евра

14.МИЛАН РИСТОВСКИ (Спартак Трнава) 500.000 евра

15.ГОРАН ПАНДЕВ (Џенова) 500.000 евра

16.КИРЕ РИСТЕВСКИ (АЕЛ Лимасол) 500.000 евра

17.СТЕФАН СПИРОВСКИ (АЕК Ларнака) 450.000 евра

18.ТИХОМИР КОСТАДИНОВ (Ружемберок) 450.000 евра

19.ДАМЈАН ШИШКОВСКИ (Докса) 400.000 евра

20.ВЛАТКО СТОЈАНОВСКИ (Шамбли) 400.000 евра

21.АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ (Мајорка) 400.000 евра

22.МАРЈАН РАДЕСКИ (А. Пандев) 350.000 евра

23.ФЕРХАН ХАСАНИ (Партизани) 300.000 евра

24.РИСТО ЈАНКОВ (Работнички) 300.000 евра

25.ЃОКО ЗАЈКОВ (Шарлероа) 250.000 евра

26.КРСТЕ ВЕЛКОСКИ (Сараево) 100.000 евра

ВКУПНО: 64,000.000 ЕВРА

sportmedia.mk