logo
logo
logo

Трајковски: Непишано правило во спортот е дека математиките знаат да бидат „фатални“

Vecer | 12.02.2021

Трајковски: Непишано правило во спортот е дека математиките знаат да бидат „фатални“

Македонската кошаркарска репрезентација ги одработува подготовките пред последниот квалификациски турнир во Перм – наша последна шанса за враќање на европската карта.

Од стартот, поточно по поразот од Естонија на домашен терен, визата за пласман на континенталното натпреварување следната година ја гледавме токму во оваа земја. Но, според најавите од националниот табор нема да се прават математики, бидејќи истите подоцна можат да завршат кобно.

„Непишано правило во спортот е дека секогаш кога се прават некои математики крајниот резултат никогаш не излегувал како што се посакува. Како и да е, ние од првиот натпревар со Италија, па се до оној со Естонија, ќе влеземе максимално подготвени. Со сите ќе играме максимално, па здравје боже, ако добиеме еден од првите три натпревари тогаш можеме да направиме некои калкулации да бидеме поодморени, посвежи за тој натпревар со Естонија. Но пак ќе кажам, не зависи се од нас. Може и Естонија да изненади и да победи со Италија или Русија. И на крајот математиките да останат само математики“, вели Бојан Трајковски еден од најискусните во таборот на националниот тим.

Амтосферата е одлична, сите оптимистички гледаат на дуелите што следуваат.

„Јас сум оптимист, во секој поглед. Дури сум оптимист уште за првиот натпревар на турнирот во Перм, со селекцијата на Италија. Затоа што во претходниот период не бевме комплетни. Затоа што сите овие последни седум-осум години како генерација не бевме комплетни. Се надевам дека сега тоа ќе биде така. И дека ќе дадеме максимум на крајот ќе се радуваме сите заедно, дај боже, на тоа европско првенство“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk