logo
logo
logo

ТРАГЕДИЈА: Во сообраќајка загина еден од најнадежните кошаркари во САД!

Vecer | 23.04.2021

ТРАГЕДИЈА: Во сообраќајка загина еден од најнадежните кошаркари во САД!

Кошаркарот Теренс Кларк, кој што беше избран за драфтот во 2021 година, загина по здобиените фатални повреди од сообраќајна несреќа во Лос Анџелес. Тој имаше само 19 години.

Несреќата се случила во четвртокот попладне откако автомобилот на Кларк се судрил со друг кој што му влегол во лентата. Тој бил пренесен во болница, но подлегнал на повредите.

„Јас сум апсолутно скршен вечерва“, истакна Џон Калипари, тренерот на Кентаки каде што настапуваше Кларк.

„Млада личност пред кого беше животот, имаше сон кој е сопрен. Теренс беше прекрасно момче, секогаш насмеан и подготвен за шега. За останатите беше пример, работеше напорно да го исполни сонот. Шокирани сме“, рече тој.

Тој беше еден од најдобрите играчи во колеџот, и му предвидуваа светла иднина во НБА.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk