logo
logo
logo

Трагедија во семејството на Скоти Пипен: На 34 години почина неговиот син

Vecer | 19.04.2021

Трагедија во семејството на Скоти Пипен: На 34 години почина неговиот син

Страшна трагедија во семејството на легендарниот НБА кошаркар Скоти Пипен. Легендарниот кошаркар објави дека неговиот син Антрон, почина на 34. години.

Прославениот НБА кошаркар во текот на кариерата шест пати го освојуваше прстенот, на Твитер ја објави тажната вест.

„Скршен сум затоа што вчера му реков збогум на мојот прв син Антрон. Двајцата ја делевме љубовта кон кошарката, и имавме бројни разговори за спортот“, напиша Пипен.

„Антрон патеше од хронична астма, и верувам дека би стигнал до НБА лигата да ја немаше. Никогаш не дозволуваше премногу да го погоди, и многу сум горд во каков човек израсна. Предобра душа замина прерано. Те сакам сине, почивај во мир“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk