logo
logo
logo

ТРАГЕДИЈА: Се удави репрезентативниот голман Никола Даниловски

Vecer | 29.05.2021

ТРАГЕДИЈА: Се удави репрезентативниот голман Никола Даниловски

Огромна трагедија го потресе утрово Охрид и ракометна Македонија. Под засега непознати околности, кои во моментов се истражувани од охридската полиција, животот го загуби голманот на РК Охрид и македонски репрезентативец 26-годишниот Никола Даниловски.

Безживотното тело на младиот спортист е пронајдено денеска во водите на Охридското Езеро, а како што информираат од охридската полиција, на телото немало траги од насилство. Според информациите од охридската полиција, тој се водел за исчезнат од синоќа, а по него интензивно ноќва трагале полицијата како и неговите соиграчи и блиски пријатели. Безживотното тело е пронајдено денеска во туристичката населба Лагадин во близина на Охрид.

Поради трагичната смрт на младиот голман, одложен е вечерашниот меч од Суперлигата во ракометната лига на Македонија, меѓу Охрид и Струга.

Даниловски изминативе години беше постојано на репрезентативните списоци на Данило Брестовац и Кире Лазаров, а во својата кариера покрај за Охрид претходно бранеше и за Металург и за Еурофарм Пелистер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk