logo
logo
logo

Tрагедија: Почина 20-годишен ракометар на Бутел

Vecer | 03.06.2021

Tрагедија: Почина 20-годишен ракометар на Бутел

Уште една трагична вест ја потресе ракометна Македонија. На 20-годишна возраст почина ракометарот на Бутел, Марко Божиновски.

Како што пренесува Топспорт.мк, Божиновски починал во сон. Тој, вчера, играл за Бутел во победата над Еурофарм Пелистер 2. Постигнал два гола во победата на својот тим.

Божиновски, пред две години се преселил во Бутел од Металург. Беше дел од кадетската и младата репрезентација на Македонија.

Смртта на Божиновски е уште една трагедија која му се случи на македонскиот ракомет. Пред шест дена, во водите на Охридското езеро се удави голманот на Охрид, Никола Даниловски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk