logo
logo
logo

ТРАГЕДИЈА го потресе светот на фудбалот: 24-годишен фудбалер починал за време на натпревар

Vecer | 12.04.2021

ТРАГЕДИЈА го потресе светот на фудбалот: 24-годишен фудбалер починал за време на натпревар

Новa трагeдија го потресе светот на фудбалот. Фудбалерот на НК Оток, Дејан Оршуш починал откако вчера му се слошило за време на натпреварот против Раднички во втората општинска лига во Хрватска.

-Со длабока тага, ве известуваме дека играчот на НК Оток Дејан Оржуш, откако падна вчера во текот на играта, почина. Со брзата реакција на соиграчите и играчите на НК Раднички, успеавме да го спасиме, и многу брзо вработените пристигнаа да го оживеат (25 минути реанимација на терен.) 24-годишно момче, за жал, почина во 02.00 часот во Општата болница Чаковец од срцев удар. Беше момче за зафрканција, талент од фудбалер, голем фудбалер, а уште поголем пријател. Зад себе остави сопруга во петтиот месец од бременоста и дете. Ви благодарам за сите голови, помошта на клубот и за подигање на расположението додека на момчињата им беше најтешко! Секогаш во мислите нашиот Дејан, стои во соопштението на НК Оток.

Фудбалерот зад себе остави дете и бремена сопруга.

[Posljednji pozdrav]

našem uvijek vedrom i nasmijanom Dejanu, hvala ti za sve lijepe zajedničke trenutke koje si proveo...

Posted by Nk "Otok" Otok on Monday, April 12, 2021

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk