logo
logo
logo

Традицијата на страна на Македонија, Црна Гора мора да падне!

Vecer | 15.01.2022

Традицијата на страна на Македонија, Црна Гора мора да падне!

Македонија и Црна Гора немаат долга традиција на пресметки на големите натпреварувања. Двете селекции се имаат сретнато само еднаш и тоа на Европското првенство во 2018 во Хрватска.

И Црна Гора, како Словенија беше во иста група со Македонија. Тогаш нашата репрезентација заврши како прва во две победи и реми, а еден од двата трииумфи ги забележа токму на сметка на денешниот противник во Дебрецен (28-29). За разлика од тогаш, во составот го немаме главниот лидер, Кирил Лазаров, кој поради повреда ќе ја извршува само тренерската улога на овој евро-шампионат, кој е последен во неговата кариера.

Противникот пак се соочува со ковид-проблеми од стартот на подготовките и на стартот на ЕП, не е во комплетен состав, факт кој мора да се искористи.

Двете селекции имаат одиграно пријателски натпревари на кои доминирале „црвено-жолтите“. На последните осум, шест им припаднале на нашите ракометари, една завршила реми, додека една со пораз.

Македонија пред овој дуел доби џокер, во Дебрецен дојде Никола Митревски, кој имаше серија на негативни тестови, за настап на денешната средба како и сите останати ќе треба да добие нов негативен тест.

Инаку и двете репрезентации стартуваа со пораз, Македонија од Словенија, Црна Гора од Данска. Мечот е закажан со почеток во 18 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk