logo
logo
logo

Тотре од јуни и официјално нема да биде дел од Шкендија!

Vecer | 12.05.2021

Тотре од јуни и официјално нема да биде дел од Шкендија!

Енур Тотре, еден од најдобрите играчи за врска во ПМФЛ, актуелен репрезентативец на Македонија, по цели седум сезони минати во првиот тим на Шкендија од јуни и официјално нема да биде веќе дел од редовите на шампионот.

Него му истекува договорот со тетовци на 30 јуни и потоа може да оди каде што сака.

Позната е “приказната“ меѓу Тотре и Шкендија, за која СПОРТМЕДИА во повеќе наврати пишуваше. Имено во јануари Тотре не сакаше да ја прифати понудата на Шкендија за потпис на нов договор, едноставно условите според него не биле на тоа ниво кои тој ги заслужувал. Токму затоа тој го одби новиот договор а за возврат на тоа доби отстранување од тимот и тренирање со младинците па така не заигра на ниту еден меч за Шкендија оваа пролет. Шкендија и без неговите услуги стана шампион, сега и без него ќе игра во квалификациите во Лигата на Шампионите.

И сега кој загуби?

Се чини дека загубија и Тотре и Шкендија.

Играчот можеби има преддговор со полски прволигаш, барем така се шпекулираше, секако дека ќе се земе и поголема плата во Полска од таа што Шкендија, но нема да игра на ЕУРО. Тука нема дилеми. Тој е шест месеци во аут и повеќе од сигурно е дека стручниот штаб на нашата селекција нема да смета на него. Поинаку ќе беше ако играше во Шкендија. Јасно е дека цената само ќе му пораснеше со настапот на ЕП.

Шкендија пак исто загуби од тоа што нема да земе ниту денар отштета за своето “дете“. Можеби клубот требаше да му понуди поголема плата, летово сигурно ќе го продадеше по настапот на ЕУРО, и по настапот во Европа. Шкендија можеби ќе заработеше најмалку 300.000 евра за евентуалниот трансфер.

Но нели, за љубов и за војна треба две страни…

Сега, кој е повеќе виновен, знаат само Тотре и Шкендија. А факт е дека и двете страни загубија, тоа може да се каже онака гледано од страна.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk