Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти кој целата кариера ја мина во римскиот тим, многумина го паметат по тоа што неколку пати одбил трансфер во Реал Мадрид.

Иако за многумина е херој, Тоти знаел да го искаже својот „бес“ на теренот, кои, на некој начин, оставија „црна дамка“.

„Поради што жалам? Поради ударот на Балотели и плукањето на Поулсен. Тоа се најлоши работи кои може некој да ги направи“, рече Тоти и продолжи:

„Јас не сум таков. И натаму не можам да сфатам што ми беше и како тоа успеав да го направам“, рече Тоти.

 

sportmedia.mk