МУ ПОРАСНАА АПЕТИТИТЕ НА РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ НАПАЃАЧ

Тотенхем во паника поради Хари Кејн

Со ваквата изјава, бомбардерот на популарните "петли" ги загрижи клупските челници и најверните фанови, но истовремено ги возбуди најбогатите европски клубови кои веќе се сериозно заинтересирани за неговите услуги

Репрезентативецот на Англија, Хари Кејн, призна дека е среќен во редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, но додаде дека е можно да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.

Со ваквата изјава, бомбардерот на популарните "петли" ги загрижи клупските челници и најверните фанови, но истовремено ги возбуди најбогатите европски клубови кои веќе се сериозно заинтересирани за неговите услуги.

Сите опции се во игра. Заминувањето од редовите на Тотенхем не е нешто што дефинитивно сакам да го направам. Среќен сум во Лондон, но ќе видиме што ќе се случи за време на летниот преоден рок, изјави репрезентативецот на Англија.

Кејн пред една година потпиша нов договор со лондонскиот премиерлигаш кој е со важност до 2022 година, а изминатата сезона ја освои "Златната копачка# која се доделува на најдобриот стрелец во Премиер лигата.

Иако сме на почетокот од новата сезона, напаѓачот на Тотенхем веќе постигна 14 погодоци во сите натпреварувања.

Поврзани

Најнови вести

Коментари