logo
logo
logo

Тотенхем потврди: Последниот домашен меч со Астон Вила ќе се игра пред 10.000 навивачи!

Vecer | 06.05.2021

Тотенхем потврди: Последниот домашен меч со Астон Вила ќе се игра пред 10.000 навивачи!

Англиски Тотенхем денеска објави дека на последниотмеч од сезоната во Премиер лигата против екипата на Астон Вила на 19 мај, на стадионот во Лондон ќе има 10.000 навивачи.

„Воодушевени сме што ги потврдивме нашите планови да пречекаме 10.000 навивачи на стадионот на Тотенхем за нашиот последен домашен натпревар во Премиер лигата оваа сезона против Астон Вила во среда, 19 мај“, објавија од клубот.

Ова ќе биде првпат навивачите да бидат присутни на натпревар на стадионот на Тотенхем од минатиот декември, кога одиграа две средби со Арсенал и Антверпен пред околу 2000 фанови.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk