logo
logo
logo

Тотенхем „одигра“ за Челзи и го внесе во ЛШ, Лестер е губитник, а Агуеро се прости од Сити со два гола (ВИДЕО)

Vecer | 23.05.2021

Тотенхем „одигра“ за Челзи и го внесе во ЛШ, Лестер е губитник, а Агуеро се прости од Сити со два гола (ВИДЕО)

Заврши и последното 38. коло од Премиер лигата, и со ова дефинтивно е познато, кој се Англиските претставници во Лигата на Шапионите следната сезона.

Челзи е тимот кој е победник од ова последно коло, а гунитник е тимот на Лестер., Избраниците на Томас Тухел загубија на гостувањето кај Астон Вила со 2:1, но и така се пласираа на четвртата позиција на табелата и одат во Лигата на Шампионите со 67. бодови.

Губитник е тимот на Лестер кој на домашен терен пак загуби од Тотенхем со 2:4,а му беше потребна победа. Домашните на два пати водеа со 1:0 односно 2:1, преку головите на Џејми Варди но Хери Кејн, автоголот на Шмајхел и двата гола на Герет Бекл направија гостите да имаат во раце комплетен пресврт и на тој начин директно да му помогнат на Челзи да оди следната сезона во најсилното европско фудбалско натпреварување.

Кун се прости од Сити со два гола

Екипата на Манлестер Сити пак, ја прослави шампионската титула на домашен терен со пет гола во мрежата на Евертон и со овации го испрати Кун Агуеро кој летово заминува од клубот. А тој пак, на најдобар можен начин се прости од екипата во која мина скоро деценија. Влезе во последните половина час во игра и постигна два гола.

Конечната табела во Премиер лигата е следна. Манчестер Сити е шампион, во Лигата на Шампионите заминуваат уште и Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Челзи, додека пак во Лигата на Европа патуваат Лестер, Вест Хем и Тотенхем.

Од следната сезона во Чемпионшип дивизијата настапуваат Фулам, ВБА и Шефилд.

Резултати:

Арсенал – Брајтон 2:0

Атон Вила – Челзи 2:1

Фулам – Њукасл 0:2

Лидс – ВБА 3:0

Лестер – Тотенхем 2:4

Ливерпул – Кристал Палас 2:0

Манчестер Сити – Евертон 5:0

Шефилд – Барнли 1:0

Вест Хем – Саутемптон 3:0

Вулверхемптон – Манчестер Јунајтед 1:2

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk