Тотално ги изненадил американските новинари кога Федерер му се поклонил на Ѓоковиќ

Има оние кои не го сакаат Роџер Федере, иако му нема равни по гренд слем турнири во тенис, но она што направи после финале на турнир во Синсинати кога загуби од Новак Ѓоковиќ, е неверојатно.

Кога се појавил пред новинарите, после праз од 6:4 кои означија освојување на Ноле единствен мастерс кој досега не освоен. Швајцарецот бил постојано прашан за својата игра, лошите потези, не баш сјајни процени...

И, тој трпеливо одговарал...

"Дефинитивно ова не беше мој најдобар ден, кога се работи за враќање на сервис. Беше тоа едноставно одвратно. Но и тоа е ок...Не знам како да објаснам дека секој втор сервис страшно го промашував, навистина немам претстава како тоа се случуваше... Новак целосно ја заслужува победата, а она што јас го дадов не беше доволно. И повторно тоа е ок. Добра е неделата позади мене, но истовремно и среќен сум што е готово, потребен ми е одмор. Значи се е во ред".

Меѓутоа на новинарите во Синсинати како тоа да не им беше доволно, поставувале уште прашања, а потоа Швајцарецот решил вака да им одговори...

 

"Знаете, Новак Ѓоковиќ е голем шампион. И за тоа треба да се зборува. Оваа конференција за медиумине не треба да биде за тоа како јас ги промашуваав ударите за време на сервисите туку за тоа како Ѓоковиќ ја испиша историјата. Тоа е барем моето мислење", рекол Федерер со што и тоа како ги замолчал американските претставници на медиумите после финалето во Синсинати.

Поврзани

Најнови вести

Коментари