logo
logo
logo

Топ вести од Загреб, Адеми не е тешко повреден

Vecer | 12.03.2021

Топ вести од Загреб, Адеми не е тешко повреден

Синоќа тимот на Динамо гостуваше во рамките од елиминационата фаза од Лигата на Европа кај тимот на Тотенхем и загуби со 2:0. За тимот настапија и Стефан Ристовски и Аријан Адеми кој капитенски го поведе својот тим во овој меч.

Сепак, тој со болна гримаса и едвај стоејќи на нозе го напушти теренот во финишот на мечот, видно покажувајќи дека има болки во коленото.

Се запалија „црвените сијалички“ и во таборот на Динамо, но и во таборот на нашата репрезентација, и се до попладнево не се знаеше тежината на повредата.

Сепак, последните информации од Загреб велат дека деталните рпегледи не покажале буквални ништо, дека се работело само за моментална болка и дека Адеми веќе денеска нормално продолжува да тренира.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk