logo
logo
logo

Тони Кукоч конечно дел од Куќата на славните

Vecer | 17.05.2021

Тони Кукоч конечно дел од Куќата на славните

Легендата на хрватската кошарка и на шесткратниот НБА првак Чикаго Булс, Тони Кукоч после седум неуспешни обиди, конечно влезе во Куќата на Славните.

Еден од најдобрите играчи во историјата на кошарката влезе во класата 2021 заедно со Пол Пирс, Крис Бош, Крис Вебер и Бен Волас. Како тренери во оваа класа влегоа Бил Расел, Џеј Рајт и Рик Аделман.

Тони Кукоч беше номиниран уште во 2014 година од својот поранешен клуб Чикаго, но постојано беше игнориран и местото му го зимаа други играчи. Тони Кукоч освои три титули по ред со Чикаго булс и беше трипати по ред првак на Европа со тимот на Југопластика.

Во дресот на Југославија стигна до две европски злата во 1989 и 1991 година и до едно светско во 1990 година, а со Хрватска освои сребрен медал на Олимписките игри во Барселона во 1992 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk