logo
logo
logo

Томовски убедлив во мак-дерби со Пешевски, Фуксе Берлин падна пред Миркуловски

Vecer | 15.04.2021

Томовски убедлив во мак-дерби со Пешевски, Фуксе Берлин падна пред Миркуловски

И по вторпат оваа сезона, Мартин Томовски е победник во македонското дерби во Бундес-лигата против Жарко Пешевски. Иако Лудвигсхафен котира во долниот дел на табелата, сепак успеа да дојде до нов триумф против Штутгарт совладувајќи го со 28-24.

Домашниот состав работата ја заврши во првото полувреме, имаше позитива од шест гола (14-8), до крајот лесно го приведе дуелот.

Пешевски беше стрелец на еден гола од два обиди, на другата страна Томовски запиша шест одбрани.

До голем триумф дојде и Филип Миркуловски и неговиот Вецлар, на домашен терен го совладаа Фуксе Берлин со 28-27. Македонскиот репрезентативец не се запиша во листата на стрелци.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk