logo
logo
logo

Томас Тухел и неговата доминација против тренерската елита!

Vecer | 28.04.2021

Томас Тухел и неговата доминација против тренерската елита!

Дека Челзи направи супер потег со ангажманот на Томас Тухел за свој тренер, не е тајна. Германецот кој од ПСЖ дојде на “Стемфорд Бриџ“ просто ги подигна “сините“ на едно повисоко ниво. Ако синоќа Тимо Вернер во Мадрид против Реал, го погодеше зицерот се чини уште по првите 90.минути Тухел со “кралевите“ ќе го решеше двомечот од полуфиналето во ЛШ.

Интересен податок за Томас Тухел и неговата доминација против светската тренерска елита како стратег на Челзи. Германецот на седум мечеви против најдобрите тренери во Европа и светот, нема пораз како стратег на Челзи. Се разбира тука ги сметаме само тие со кои досега се сретнал.

Го победи Јирген Клоп (Ливерпул) среде “Енфилд“, има триумф над Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) во полуфиналето во ФА Купот. Потоа го надмудри Диего Симеоне (Атлетико Мадрид) во осминафиналето во Лигата на Шампионите, па Карло Анчелоти (Евертон) на свој терен. Беше подобар од Жозе Мурињо (Тотенхем) во првото лондонско дерби за него само неколку дена откако го презеде Челзи. Двете ремија се против Оле Гунар Солскјер (Манчестер Јунајтед) и вчера со Зинедин Зидан (Реал Мадрид).

Ова се резултатите на Томас Тухел кој како стратег на Челзи израснува во еден од најдобрите тренери во Европа и во светот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk