logo
logo
logo

Толку беше од љубовта: Фановите на Фенер се свртеа против Озил!

Vecer | 25.02.2021

Толку беше од љубовта: Фановите на Фенер се свртеа против Озил!

По се изгледа дека толку беше од љубовта меѓу фановите на Фенербахче и Месуд Озил. Германскиот репрезентативец со турски корени во зимскиот преоден рок го засили гигантот од Босфорот, фановите беа во екстаза, но тргнаа работите кон полошо. Имено Месуд Озил не е ни бледа сенка од оној Озил од времето кога играше во Реал Мадрид, Арсенал или репрезентацијата и кога беше во свое време еден од најдобрите играчи за врска во светот.

Со него во тимот Фенер има дури три порази на последните пет меча, а неговиот личен учинок е повеќе од мизерен.

Ете затоа фановите се разочарани, сега се вратат против својот довчерашен љубимец.

Во одбрана на Озил застана некогашниот напаѓач на Фенер, Ридван Дилмен:

Не ни очекувам дека нешто и ќе направи во изминатиот период. Да се потсетиме дека тој речиси една година беше надвор од фудбалот. Околу него не се градеше тимот, па затоа очекувам тој да блесне наредната сезона. Јас ја респектирам неговата посветеност“ изјави Дилмен.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk