logo
logo
logo

Тодоров пред Русија: Да покажеме дека нашата игра не беше случајност!

Vecer | 19.02.2021

Тодоров пред Русија: Да покажеме дека нашата игра не беше случајност!

Македонската кошаркарска репрезентација по поразот од Италија на стартот на квалификацискиот турнир во Перм нема време за жалење. Селекторот, Александар Тодоров и неговите момци продолжуваат со пеколниот ритам. Русија е нашиот денешен противник, кој пред една година исто на домашен терен ни го нанесе вториот пораз во квалификациите.

Италија и Русија се два различни противници. „Зборнајата“ игра многу поагресивна одбрана од Италијанците, но тоа пак не е ништо ново. Македонија на првата средба во Перм добро се снајде против една таква агресивност.

„За разлика од Италија, Русија игра многу поагресивно во одбраната, претпоставуваме дека ќе се обидат да ги отсечат нашите плејмејкери, но на првиот натпревар ние добро се снајдовме против таа одбрана, се надевам дека и денеска ќе успееме да искреираме лесни поеи. Но, најважно е дека покажеме дека нашата игра од вчера не беше случајност, дека можеме да парираме на секој еден тим, а со тоа да влеземе со поголема самодоверба во одлучувачкиот меч со Естонија“, ни изјави селекторот, Тодоров.

Во составот на Русија ќе ги нема Фридзон и Дмитри Кулагин, но затоа пак ќе биде искусниот Воронцевич, како и Семен Антонов и крилниот-центар Џоел Боломбој.

„За жал, поради новите прави на ФИБА поврзани со пандемијата, ќе бидеме принудени по вторпат да играме со Русија како гости. Минатиот февруари, исто така во Перм, одигравме солиден натпревар, иако сега, во однос на тој дуел им недостасуваат двајца играчи кои ни зададоа најголеми проблеми. Фридзон и Дмитри Кулагин. Но, затоа денеска во составот ќе го имаат искусниот Воронцевич, кој е нивно најсилно одружје во нападот, како и двајца играчи кои добија сепцијална дозвола да настапат за репрезентација, а тоа се крилото Семен Антонов и крилниот-центар Џоел Боломбој“.

Натпреварот меѓу Македонија и Русија се игра со почеток во 15:30 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk