logo
logo
logo

Тодоров: Покажавме поинакво лице од натпреварите лани!

Vecer | 18.02.2021

Тодоров: Покажавме поинакво лице од натпреварите лани!

 

Александар Тодоров не беше незадоволен од крајниот резултат на средбата со Италија. За него е најважно што овој тим покажа едно сосема поинакво лице во однос на ланскиот февруарски „прозорец“ на ФИБА

Покажавме дека можеме да играме против тим кој е прв на ранкингот на ФИБА во моментов. Успеавме не само да бидеме рамноправни, туку и да водиме повеќе од 18 минути од мечот. Покажавме тотално поинакво лице во однос на натпреварите лани.

Ова е група која како тим има светла иднина и група на која сум исклучително горд. Ни претстојат уште три натпревари кои ќе бидат многу тешки, но на крајот најверојатно се ќе се сведе на мечот со Естонија в понеделник“.

Тодоров вели дека Димитријевиќ и Вајли би можеле да бидат сериозен тандем, особено што „потекнуваат“ од АЦБ лигата, макар биле во различни клубови во овој момент.

Лесно е кога имаш такви кошаркари. Двајцата знаат да играат кошарка и нема проблем да се поврзат заедно. Добро е што имаме уште два меча пред дуелот со Естонија, така што ќе имаат доволно време да се воиграат“-додаде Тодоров.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk