logo
logo
logo

Тодоров на чекор до Куп-финалето во Романија

Vecer | 06.03.2021

Тодоров на чекор до Куп-финалето во Романија

Александар Тодоров, селекторот кој ја водеше Македонија низ квалификациите за пласман на Европското првенство 2022 година, е на чекор до финалето во Купот на Романија.

Тој со неговоиот тим на Крајова по две продолжија ја совладаа Стеауа Букурешт со 82-78 и се пласираа во полуфиналето. Избраниците на Тодоров добро го отворија мечот, поведоа со 18-8, но следните две четвртини му припаднаа на противникот, во финишот на последниот период, Крајова имаше позитива од два коша, но Стеауа изедначи за продолжение и вистинска неизвеност.

Во полуфиналето Тодоров и неговите момци ќе играат против Волунтари, овој меч на програмата е утре, а Купот се игра во Клуж.

ФОТО: ligadebaschet


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk