logo
logo
logo

Тодоров го одреди конечниот список: Без Симоновски и Младеновски, со Симиќ во Перм

Vecer | 14.02.2021

Тодоров го одреди конечниот список: Без Симоновски и Младеновски, со Симиќ во Перм

Селекторот на нашата машка сениорска репрезентација Александар Тодоров, го определи списокот на 15.играчи кои ќе патуваат за Перм, каде во периодот од 18.до 22. февруари ги чека четири квалификациски натпревари за Европското првенство во 2022 година.

По неколкуте одработени тренинзи во Скопје, и второто ПЦР тестирање од Ковид-19 кое беше реализирано пред саботниот тренинг во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, шанса добија вкупно 13. кошаркари на кои во текот на утрешниот ден, пред тргнувањето за Перм ќе им се приклучат уште и Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.

Собирот на нашата експедиција е предвиден за утре изутрина. во осум часот пред Спортскиот центар „Јане Сандански“, додека летот кон Перм е закажан за два часа подоцна.

КОНЕЧЕН СПИСОК НА ПАТНИЦИ ЗА ПЕРМ

Дамјан Робев

Андреј Митревски

Бојан Крстевски

Дамјан Стојановски

Кристијан Николов

Андреј Магдевски

Бојан Трајковски

Теодор Симиќ

Виктор Ефремовски

Филип Бакоч

Џејкоб Вајли

Војдан Стојановски

Лука Савиќевиќ

Ненад Димитријевиќ

Стојан Ѓуроски

СТРУЧЕН ШТАБ: Александар Тодоров – селектор, Ѓорѓи Кочов, Горан Самарџиев, Никола Велев, Никола Василев (асистент тренери), Ерен Хангун (кондициски тренер), Слободан Николиќ (доктор), Ненад Попоски (физиотерапевт)


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk