Викендов стартува пролетниот дел од тековната сезона во ПМФЛ. Конечно по два месеци пауза ќе можеме да следиме наш, домашен, прволигашки фудбал. Се разбира само покрај ТВ екраните, поради пандемијата на Ковид-19 се уште е на сила забраната за посета на стадионите од страна на фановите.

Ќе има неколку интересни натпревари, но шестмина фудбалери од нашите клубови ќе мораат, и тоа поради акумулирани картони, да го прескокнат првото пролетно коло.

Тоа се Ангелче Тимовски (Силекс), Бесарт Кривањева (Шкупи), Марјан Ристовски (Работнички), Ѓорѓи Стоилов (Академија Пандев), Христијан Драгарски (Пелистер) и Блертон Шеји (Струга Трим Лум).

Сите тие имаат право на настап дури во 20.коло или второто пролетно коло.

sportmedia.mk