Сензационален настап на Беласица среде Скопје и триумф над фаворизираниот состав на Шкупи од 1:0. Прекрасна игра на момците на рускиот тренер Андреј Чернишов. Иако следната сезона струмичани ќе играат во Втората лига, вчера покажаа дека имаат и тоа како квалитетен тим. Во тој победнички состав на струмичани фантастичен беше офанзивецот Бењамин Демир, кој не само што ги шокираше чаирчани со голотм туку постојано беше нерешлива загатка за домашните. Во тимот на колото до Беласица се и стоперот Шево и десното крило Ивановски. Ако голманот на Шкупи, Кристијан Наумовски е голман на колото, тогаш се е кажано како тоа играла Беласица и колку шанси направила.

Пелистер направи голем пресврт, губеше со 0:2, на крајот победи со 3:2. Нето Алдаир беше одличен како и Ристе Илијовски. Шкендија ја совлада Академија Пандев, по обичај најдобри беа Ибраими и Бејтулаи. Фазли и донесе победа на Македонија ЃП, а Миленковски беше најдобриот на теренот на мечот меѓу Струга ТЛ и Работнички. Вардар освои бод со Ренова, а стрелец на тој гол беше Мирчевски.

ИГРАЧ НА КОЛО

БЕЊАМИН ДЕМИР

Тим: Беласица

Роден: 16.05.1996 во Скопје

Кариера: Вардар, Тетекс, Интер Запрeшиќ, Еуромилк, Хајдук 2, Пелистер, Работнички, Скопје, Спартак Суботица, Шкупи, Македонија ЃП, Беласица

sportmedia.mk