logo
logo
logo

ТИМ НА 23. КОЛО: Марко го “излуде“ Работнички...

Vecer | 15.03.2021

ТИМ НА 23. КОЛО: Марко го “излуде“ Работнички...

Нема никакви дилеми дека играч на 23.коло е Марко Јовановски, голманот на Академија Пандев. Да, неговите соиграчи одиграа одлично на дербито со Работнички, на кое струмичани славеа со 2:0. Но кога се кршеше резултатот, е тогаш на сцена стапи Јовановски, Одбрани пенал а потоа фати и неколку зицери, просто го “излуде“ Работнички. Она што му го даде во Струмица пред еден месец на скопскиот тим, сега му го зема, и тоа со стил. Покрај него во тимот на колото се и Манев, Томовски и Крстовски од А. Пандев. Ште во тимот на колото се и Мишевски и Баша (Борец), Абдула (Ренова), Тантуровски и Ивановски (Силекс), Нафиу (Шкендија), Глигоров (Шкупи).

ИГРАЧ НА КОЛО

МАРКО ЈОВАНОВСКИ

Тим: Академија Пандев

Роден: 24.07.1988 во Скопје

Кариера: Работнички, Вардар, Тетекс, Шкендија, Етникос, Пелистер, Македонија ЃП, Гостивар, А.Пандев

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk