logo
logo
logo

ТИМ НА 19.КОЛО: Каланоски ја “загипсира“ Ренова....

Vecer | 22.02.2021

ТИМ НА 19.КОЛО: Каланоски ја “загипсира“ Ренова....

 

Првото пролетно коло и дефинитивно мина во знакот на Беласица и нејзината победа под Шара против Ренова со 4:2. Сензационален резултат ако се знае дека на струмичани никој, ама баш никој не им  даваше никакви шанси за бод а камо ли за три. Но Антонио Каланоски просто ја “загипсира“ Ренова и со три гола ја однесе победата во Струмица.Токму затоа тој е играч на колото, одлично одигра и Зоран Ивановски на овој меч.

Шкендија успеа да го освои Кратово, победничкиот гол беше дело на Дориев, а сосема солидно одиграа и Бејтулаи и Алими од редовите на лидерот на табелата. Работнички славеше на гости кај Академија Пандев, Стојкоски го постигна победничкиот гол а Ристески беше одличен во дефанзивата. Македонија ЃП извлече бод во Струга, стрелец на голот за „лавовите“ беше Личина. Мирчевски по обичај беше најдобриот вардарец, а Цветаноски со својот деби гол во првиот настап за Шкупи на официјален меч  ги израдува “шверцерите“. Домашниот голман Ѓоргиевски во тој момент беше немоќен, иако до самиот финиш го држеше својот тим во „живот“.

 

ИГРАЧ НА КОЛО

АНТОНИО КАЛАНОСКИ

Тим: Беласица

Роден: 25.04.1994 вo Охрид

Кариера: Охрид, Металург, Локомотива, Напредок, Еуромилк, Младост Царев Дор, Силекс, Борец, Струга ТЛ, Победа, Беласица


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk