Ракометарите на Тиквеш со извонредна завршница го добија дуелот со Охрид во рамките на 9. коло од суперлигашкиот дел на табелата. Охриѓани кои во голем дел од мечот имаа одлична позиција, во финишот потклекнаа пред цврстата игра на домашните кои дојдоа до триумф од 28:22.

Симиќ со 8 гола беше најефикасен кај Тиквеш, додека кај Охрид по 5 гола се запишани зад имињата на Манасков и Костов.

Со оваа победа Тиквеш останува во трка и за место кое води во Европа, особено по поразот на Е. Пелистер 2 во братското дерби во Битола.

sportmedia.mk