logo
logo
logo

Тиквеш ја доби драмата со Прилеп

Vecer | 18.04.2021

Тиквеш ја доби драмата со Прилеп

Тиквеш им се врати на победите. Лидерот во плеј-аутот на домашен терен, по голема драма го совлада Прилеп со 29-28 во последниот меч од седмото коло.

Шанса за победа имаа и двата тима, одиграа неизвесен натпревар со бројни пресврти, кој беше решен во последните минути. Кавадарчани пред самиот крај успеаја да дојдат до два гола разлика (26-24), на другата страна гостите успеаја да дојдат до негатива од еден гол, но во еден необичен финиш, наместо напад, официјалните лица одлучија дека треба да изведат само слободен удар. На крајот Тиквеш се радуваше на бодови и триумфот од 29-28.

Јанчев со осум гола и Смиљаниќ со седум беа најдобри кај домаќинот, во редовите на Прилеп, Рустамов запиша десет гола.

По овој дуел, Тиквеш се зацврсти на лидерското место со 18 бода, додека Прилеп остана на четвртата позиција.

Резултати: Младост – Јуниор К.В 28-28, Астрион – Радовиш 24-29, Годен Арт КЛ 7 – Работнички 27-23.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk