Тимот на Тиквеш направи важен чекор кон плеј-офот откако славеше во дербито на колото против Охрид со 25:23 и стигна до седмата победа по 12 одиграни кола се зацврсти на позициите кои водат во плеј-офот. Сега има 21 бод, пет повеќе од седмопласираниот Охрид.

Најдобар кај Тиквеш беше Страхиња Симиќ со седум гола, а Дарко Кондев постигна пет, додека Евгениј Темелковски и Никола Стефановиќ дадоа по четири гола. Кај Охрид најефикасен е Мице Шилегов со осум гола.

sportmedia.mk