logo
logo
logo

ТФТ со БИБЛ обврски во Израел, два домашни меча во Првата лига

Vecer | 24.03.2021

ТФТ со БИБЛ обврски во Израел, два домашни меча во Првата лига

Кошарката не застанува кога станува збор за македонските екипи. Денеска на програмата се три меча, еден во БИБЛ-лигата и два во Првата лига.

ТФТ по поразот од Берое на стартот на втората рунда, ќе има шанси да дојде до првата радост. Но, ниту сега нема да има едноставна задача. Македонскиот претставник во баланското друштво му гостува на Хапоел Гилбоа, кој во минатото коло го совлада токму Берое.

Израелскиот тим важи за фаворит, но со оглед на тоа дека ТФТ оваа сезона не признава фаворити, нема да биде изненадување доколку дома се врати со целиот плен.

Во Првата лига, во рамките на 20 коло ќе се одиграат три меча, два денеска и еден утре. Гостивар по серијата од три порази ќе бара рехабилитација на гостувањето кај Вардар (17 часот), додека пак во Гевгелија ќе се игра дерби, Кожув е домаќин на Еуроникел. И двата тима зад себе имаат победи, домашниот состав го совлада Гостивар, додека кавадарчани славеа против лидерот.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk