АБА лига

Тежок пораз на МЗТ Скопје од ФМП

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје претрпе тежок пораз на гостувањето против ФМП Железник, во рамките од второто коло од АБА-лигата со 100:72.

„Металците" не одиграа буквално ништо во дефанзива, а особено потфрлија во последната четвртина, кога им дозволија на домаќините со бројни атракции да си поигруваат со македонскиот шампион.

Бројот од сто поени најдобро ја отсликува немоќта на избраниците на тренерот Александар Тодоров да најдат лек за разновидната игра на домашниот состав, кој одигра беспрекорно во нападот во текот на целиот натпревар, но клучната разлика ја создаде во последните осум минути.

Гарсија со 17 и Лалиќ со 12 поени беа најефикасни кај МЗТ Скопје, додека за разлика од првиот мч овојпат на посакуваното ниво не беа репрезентативците Дамјан Стојановски (седум поени, 3/9 од поле) и Бојан Трајковски (10 поени, 2/12 од поле).

Македонскиот првак во рамките од третото коло ќе го пречека тимот на Задар, меч на кој „металците" очекуваат нов домашен триумф во СЦ „Јане Сандански".

Поврзани

Најнови вести

Коментари